Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски го прозва министерот Венко Филипче дека повторно ја потценува интелигенцијата на граѓаните бидејќи на повидок има нов скандал за централизација на стерилизација во Министерството за здравство. Скандал помалку или повеќе сличен или идентичен на тендерот за реагенси кој пропадна, инаку вреден 35 милиони евра.
-Скандалот со тендерот кој вчера го објавија медиумите за централизација на стерилизацијата на клиниките во моментов активен и трае до 21 мај, а тендерот е во вредност од 13.700.000 евра. Главното прашање е кој близок до власта ќе го добие овој тендер и во чиј џеб ќе завршат овие пари на граѓаните? Тендерот по овој терк е планиран да воспостави монопол во наредните 15 години за стерилизации и сервисирање на клиниките. Оттука би сакале да поставиме повеќе прашања до Владата и до Венко Филипче. Дали ова е уште еден тендер по ист принцип на тендерот за реагенси?Дали се свесни Венко Филипче и СДСМ дека со овој принцип на централизирано стерилизирање постои можност да се доведе до прашање здравјето на граѓаните?, вели Арсовски.
Според него, планирано е целата опрема што ќе се стерилизира да се превезува до клиниките и болниците со возила и оттука постои можност дополнително да има опасност од инфицирање и бактерии.
Експертите коментираат дека на овој начин дури и 5 пати ќе се зголеми цената на стерилизацијата, сето тоа ќе се плаќа од парите на граѓаните, а услугата сепак нема да е на ниво. Исто така постои и можност да се поскапи и цената на услугите за здравството за граѓаните. Апелираме и повикуваме, веднаш да се стопира овој тендер и да се отвори поширока јавна расправа, за да се тргнат сите сомнежи во моментов. Венко Филипче е подготвен за чистење и метла. Оставката му е неизбежна.Додека пак институциите ги повикуваме да ги следат сите чекори на Филипче и Министерството за здравство, за да може да биде спречен уште еден огромен скандал кој што е на повидок, рече Арсовски.