Хил: НАТО бомбардирањето на Србија е дипломатски неуспех, граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават

Американскиот амбасадор Кристофер Хил го оцени бомбардирањето на НАТО на Србија како дипломатски неуспех, изрази сочувство до сите семејства на загинатите и истакна дека граѓаните на Србија никогаш не треба да го заборават тоа страшно време.

Денеска е годишнина од НАТО бомбардирањето на Србија, а во оваа прилика американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил, им порача на граѓаните на Србија, никогаш да не го заборават тоа време.

„Својот живот го посветив на дипломатијата – наоѓање дипломатски решенија за навидум нерешливите проблеми. Во текот на мојата кариера научив дека дипломатијата понекогаш не успева. Кога тоа ќе се случи, резултатите може да бидат трагични. Им изразувам лично сочувство на семејствата на оние кои ги загубија животите за време на војните во 1990-тите, вклучително и оние кои се резултат на воздушната кампања на НАТО. Знам дека српскиот народ никогаш нема да го заборави тоа страшно време, ниту треба“, изјави Хил, и додаде:

„Српскиот народ никогаш нема да ја остави тагата настрана, но верувам дека е доволно силен да се справи со неа. Посветеноста на САД на нашето партнерство со Србија е непоколеблива, како и нашата посветеност на дипломатијата. Заедно можеме да изградиме подобра иднина која српскиот народ ја заслужува и ја посакува за идните генерации“, заклучи Хил.

Треба да знаете
Последни објави