Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот тим се задоволни од медиумското внимание кое тој го доби поради можното апсење и покренување обвинение, но неговото семејство не е возбудено, особено неговата сопруга Меланија.
Според таблоидот Page Six, Меланија сака да биде подалеку од тоа и да го заштити нивниот син Барон, пишува New York Post.
„Таа се однесува како сè да е нормално“, рекол изворот. Се додава и дека ќерката на Трамп Иванка и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер се исто така воздржани по ова прашање.
„ Тие остануваат настрана. Мислам дека нема да видите како го бранат, нема да има коментари. Иванка изгуби многу пријатели и бројот на покани за социјални настани и се намали додека Трамп беше претседател“, изјави неименуваниот извор.
Потенцијалното апсење и покренување обвинение на Трамп произлегуваат од тековната истрага на окружниот обвинител на Менхетен, Алвин Брег, за наводните замолчени пари исплатени на порно ѕвездата Сторми Даниелс пред изборите во 2016 година.
Извор рече дека Трамп ужива да биде повторно во вестите и во центарот на вниманието и верува дека „нашминканото обвинение“ ќе му помогне во неговата кампања.