Џон Вик се врати – а поранешниот убиец кого го глуми Кијану Ривс се чини дека се подобрува со годините, со неговото враќање во четвртиот дел ,кој во сагата акциони трилери заработи најдобрите рецензии досега.
„Ротен томатос“, кој доделува оценки врз основа на ставовите на филмските критичари, му додели на „Поглавје 4“ прилично високи 95%.
Вториот и третиот филм освоија 89%, додека оригиналот од 2014 година доби 86%.
„Холивуд репортер“ објави дека „Поглавје 4“ ги надминува своите одлични претходници во речиси секој поглед.
Во филмот, кој излегува денес (24 март), Вик го гони глобалната криминална организација ‘Висока Маса’.
Џеси Хасенџер од „НМЕ“ го нарече „сеакционен блокбастер што навистина дава сè од себе“, додека Шарлот О’Саливан од „Ивнинг стандард“ го опиша како неверојатно пријатен.
„Џон Вик 4 ќе биде огромен и, според мене, тој е најдобриот од сите во серијалот“, додаде таа.
Дејвид Фир од „Ролинг стоун“ напиша: „Никој не можеше да предвиди во 2014 година дека Вик ќе ги револуционизира американските акциони филмови, нарекувајќи ја филмската сага неверојатно задоволство.
„Се етаблира како најдобар филмски серијал од оваа страна на Невозможна мисија,“ додаде тој.