,Власта на чело со СДСМ повторно го покажа своето лицемерие кон пезионерите.На денешната седница на Комисијата за труд и социјална политика пратениците на СДСМ гласаа против предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување поднесен од ВМРО-ДПМНЕ и колицијата”, изјави Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
,,Со нашиот предлог закон се предвидува враќање на старата методологија за усогласување на пензиите, со цел пензионерите да добијат вистинско покачување на пензиите. Со одбивањето на ова законско решение СДСМ уште еднаш го покажа своето вистинско лице. СДСМ ветуваше зголемување на пензиите, но наместо тоа пензионерите добија единствено усогласување на пензиите, но не и реално зголемување. Денеска СДСМ им го скрати правото на поголеми пензии на повеќе од 310.000 корисници на пензија.Денеска пратениците на СДСМ уште еднаш ги ставија партиските интереси пред интересите на пензионерите”, додаде таа.
Според неа, ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата како досега така и во иднина ќе продолжат да работат во интерес на пензинерите.Пензинерите имаат право на поголема пензија. ,,ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати достоинтвото на пензионерите во истиот момент кога оваа ненародна власт на СДСМ и Заев ќе замине, а со нив ќе заминат и сите штетни политики и закони кои ги донесоа. Ова законско решение ќе биде вратено на сила и пензионерите ќе добијат повисоки пензии”, истакна Митовска.