Репрезентацијата на Црна Гора со победа од 1:0 на гостувањето против Бугарија ги почна квалификациите за ЕП-2024. Црногорците не беа фаворити на овој натпревар, но успеаја да дојдат до вредни три бода во првиот натпревар од Г групата. Стрелец на единствениот гол на стадионот „Хуверфарм“ во Разград беше Никола Крстовиќ во 70 минута. Голгетерот на Дунајска Стреда, кој сезонава постигна 23 гола на 29 меча, на овој дуел го постигна својот прв гол за најдобрата репрезентација на Црна Гора.
Во истата група вечерва од 20.45 часот селекцијата на Србија е домаќин на Литванија.
На 27 март во Подгорица Црногорците ќе ги пречекаат Србите, а Унгарија во Будимпешта ќе се сретне со Бугарија.