Лапорта: Вратите на Барселона се секогаш отворени за Меси

Барселона има да реши доста проблеми во наредниот период, но во исто време треба да размисува и за наредната сезона, потенцијалните засилувања меѓу кои е и името на најдобриот играч на светотл Аргентинецот Лионел Меси. Се отвара можност Барселона да го врати Меси на „Камп Ноу“ иако нема да биде лесно да се комплетира трансферот од финансиски причини. Како што стојат работите ветеранот Меси (35 години) кој сега настапува за францускиот ПСЖ ќе биде слободен играч на крајот од сезонава и ќе може како слободен играч избира нова средина. Барселона е подготвена да му даде можност за последен танц, кој Меси го заслужува со се што направи за клубот.

Серхи Кун Агуеро веќе излезе со став за тоа колкави се шансите на шпанскиот великан да го врати Меси, а сега првиот човек на клубот, Жоан Лапорта меѓу редови јасно најави дека едноставно ќе се обиде да се создадат услови Аргентинецот одново да биде дел од Барселона.

-Меси е најдобриот играч во историјата. Тој беше најважниот играч во историјата на Барса. Морам да бидам многу внимателен со она што го велам. Меси е играч на ПСЖ и морам да имам почит. Лео знае дека го имаме во нашите срца. Тој е дел од нашиот грб. Наследството што се најдов кога станав претседател не беше добро и морав да донесам одлука со која не сум задоволен. Морам да најдам начин да ја подобрам врската на Меси со Барса. Ќе видиме, но тој знае дека вратите на Барса се отворени -порача Лапорта.

Треба да знаете
Последни објави