Триглав осигурување со добри резулати во првиот квартал од годинава

Во првите три месеци од годинава Групацијата Триглав, која работи и на македонскиот пазар,  фактурираше 317 милиони евра бруто консолидирана премија, што е осум отсто повеќе во споредба со тој период минатата година.

Од компанијата соопштуваат дека групацијата Триглав во првото тримесечје од 2019-та година, остварила добивка пред оданочување во висина од 29,9 милиони евра.

Гледано од аспект на поединечни сегменти на осигурување Групацијата остварила раст на премија кај сите видови имотни осигурувања, а растот на целокупниот сегмент изнесувал девет отсто.

– Во сегментот на осигурувања на живот и пензиските осигурувања премијата е намалена за два отсто, превенствено поради пониската еднократна премија на осигурување, споредено со истиот период минатата година. Премиите од здравствено осигурување се зголемија за 20 отсто, како последица на поголем број склучени договори за осигурување и прилагодување на цените, на кои што влијание првенствено имаат обемот и растот на цени на здравствените услуги, соопштуваат од Групцијата.

-Со работењето во првите три месеци од оваа година сме задоволни, а имајќи ги предвид предвидените околности до крајот на годината, ја потврдуваме најавата за планираниот годишен резултат. Со тим од над пет илјади вработени ја следиме зацртаната стратегија и го развиваме „Триглав” во насока на современа, иновативна и динамична осигурителна и финансиска групација, која цврсто останува на водечката позиција во Словенија и пошироко, во регионот, вели претседателот на Управата на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар.

За Триглав осигурувње Скопје се наведува дека во првиот квартал од годинава  компаниајта работи добро во основната осигурителна дејност.

-Во овој квартал компанијата оствари подобар комбиниран коефициент, споредено со резултатот во истиот период минатата година, како и намалување на бруто оперативните трошоци и останати осигурителни расходи. Во овој квартал Триглав достигна и значајни 52 отсто пораст во бруто полисираната премија во доменот на приватното доброволно здравствено осигурување, стои во соопштението.

Триглав Осигурување Скопје останува на својот зацртан пат, одреден со стратегијата и со добрата пракса. Во првиот квартал од оваа година повторно понудивме одлични нови можности за клиентите. Ги дополнивме производите за доброволно приватно здравствено осигурување со понудата на осигурување од малигни заболувања, производ што ги третира најтешките проблеми на нарушено здравје на клиентите и кој има за цел материјално да ја покрие севкупната процедура на лекување на дијагностицирана малигна болест, почнувајќи од дијагноза, преку операции, до радио и хемотерапии. Воведовме и онлајн апликација за купување здравствено-патничко осигурување, а секако работиме и на многу други можности, кои треба да го олеснат и подобрат животот на нашите клиенти, истакнува главниот извршен директор на компанијата, Ѓорѓе Војновиќ.

Треба да знаете
Последни објави