Реакциите околу ненадејната смена на тренерот Јулијан Нагелсман од клупата на актуелниот германски фудбалски шампион Баер Минхен не стивнуваат. Германските медиуми вечерва објавија дека една од главните причини за отказот кој го доби младиот 35-годише стручњак е неговата девојка.
Според информациите на добро упатени извори во клубот, откако поранешната новинарка на „Билд“, Лена Вурценбергер (30) започнала љубовна врска со Нагелсман, сериозно се сменила атмосферата во соблекувалната на Баварците. Таа своевремено беше задолжена за известување од настаните во редовите на Баерн и честопати објавувала „пикантерии“ од соблекувалната.
Играчите не ја прифатиле веста за врската која Лена ја има со нивиот тренер. Тоа резултирало со разнишана доверба, бидејќи играчите не можеле веќе слободно да комуницираат во страв нешто да не „протече“ на страниците на „Билд“.
За да биде работата уште полоша, Нагелсман на сред сезона пред неколку дена си заминал на скијање со својата девојка и му дал одмор на тимот по поразот од Баер Леверкузен, што го разлутило раководството, кое ја донесе оваа одлука вчера.