Швајцарија и пукна „петарда“ на Белорусија во Нови Сад

Швајцарија и пукна „петарда“ ”на Белорусија (5:0) во Нови Сад на стартот од натпреварите во групите од фудбалските евроквалификации, а голема победа со пресврт оствари Турција на жешкото гостување во Ереван против Ерменија со 2:1.

Во Нови Сад каде Белорусите беа домаќини, по само половина час игра Швајцарија ја заврши работата околу победникот на овој натпревар. Постигна три гола, па до крајот прашање беше само со кој резултат ќе триумфираат.

Напаѓачот на Лугано, Ренато Штефен даде хет-трик, отворајќи ја серијата по четири минути, па го дуплираше водството во 17-та, а веќе во 29-та додаде и трет гол. Во вториот дел, Гранит Џака во 62-та и Зеки Амдуни во 65-та само ставија печат на „петката“ за Швајцарците.

Иако после само десет минути во Ереван, Озан Кабак си даде автогол за да ја зоврие атмосферата меѓу Ерменците, Турција успеа сепак да победи, па Оркан Кокчу во 35-та израмни, а Керем Актуркоглу во 64-та донесе комплетен пресврт на мечот и воведен триумф во групата за Турција.

Израел и Косово ремизираа 1:1 во групата во која се Швајцарија и Белорусија, а попладнево Шкотска го прегази Кипар со 3:0.

Треба да знаете
Последни објави