Новиот амбасадор во Турција ги предаде акредативните писма на Ердоган

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, го прими акредитивното писмо на амбасадорот на Северна Македонија во Анкара, Јован Манасиjeвски.

Во рамките на приемот во претседателскиот комплекс во Анкара, новоименуваниот амбасадор на Северна Македонија му го предаде акредитивното писмо на Ердоган.

Амбасадорот Манасијевски претстави дел од вработените во амбасадата.

Манасијевски заедно со делегацијата потоа се фотографираше со турскиот претседател Ердоган.

Треба да знаете
Последни објави