Со договорот за надзор Ковачевски и Груби овозможија 4 лица да наплатат 900.000 евра за месец дена само затоа што составиле договор.
Дополнително овие 4 експерти, меѓу кои адвокати од Македонија и соседството ќе наплатат уште 300.000 евра до крајот на изведбата.
Секој од овие 4 лица наплатил 225.000 евра за месец дена ефективна работа.
Зошто владата воопшто распишувала тендер за правен трансакциски советник, кога има служби и институции кои можеле да го преговараат и склучат договорот?
Овие 900.000 евра кои власта ги исплатила можеле да бидат заштедени, доколку Ковачевски и Груби ги ангажираа државните служби за ова за што ги платиле наводните експерти.
И Ковачевски и Груби се компромитираа со надзорот. Очигледна е сомнителноста на целиот случај и одговорност мора да има.