Претседателот на српскиот парламент Владимир Орлиќ денеска оцени дека протестите во Приштина поради европскиот договор за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, при што беше фрлена димна бомба врз владата, се показател за важноста на формирањето Заедница на српските општини (ЗСО).
„Врз основа на тие настани вчера, но не само тие, можеме подобро да ја разбереме важноста на ЗСО и какви потреси може да предизвика едно вакво прашање на политичко ниво во Приштина и за самиот (премиерот на Косово) Албин Курти, изјави Орлиќ за телевизијата Хепи, пренесува Бета.
Според него, Курти „давал отпор на сите можни и невозможни начини“ за да ја избегне таа обврска, додека протестите во Приштина покажаа што мисли тамошната политичка сцена за ЗСО.
„И после некој овде ви вели дека ЗСО не е во интерес на Србите, дека не е нешто толку важно.Таму сакаат да го запалат Курти (поради ЗСО), му велат дека ќе го гаѓаат со молотов коктел. А тоа е најдобриот одговор дали ЗСО е значајно или не“, оцени Орлиќ.