Пратеникот Павле Богоевски тврди дека разговорот објавен во „бомбата“ на „Илија Громовник“ го снимил таксистот во чиј автомобил се возел пред неколку месеци. Богоевски претходно потврди дека нарачал дрога, но не кокаин, туку масло од канабис.
Ова го обелодени самиот пратеник одговарајќи на прашања во коментари на неговиот Фејсбук профил каде се огласи за снимката.