Секој ден излегуваат нови и нови скандали за Артан Груби. Затоа е толку нервозен. Не му помагаат веќе ни киселите насмевки, ни ширењето лаги.
Најновиот криминал во кој е вмешан Груби е градба на голема куќа без документи во Бутел. Овој објект го гради неговиот братучед, без дозвола, без потребни документи, а тоа е спротивно на закон. Тоа што Груби се вознемирува за фактот што општината ја запрела градбата, отвора сомнеж дека можеби тој стои зад овој нелегален имот.
Залудно е тоа што Артан Груби секогаш кога е фатен во тесно се повикува на етничка припадност и се заканува. Јасно е веќе како ден. Никој веќе не им верува на неговите приказни. Аферата со деловниот простор на неговиот брат, фирмата за баждарење, продажбата на хотелот на Попова шапка, тендерот за надзор вреден 22 милиони евра, а сега и дивоградбата се само мал дел од портфолиото скандали на Груби и редно време е обвинителството да се позанимава посериозно со овој лик.