И покрај тоа што Ред бул доминираа во првите две трки од новата Формула 1 сезона, светскиот шампион Макс Верстапен изјави дека не е задоволен од постојноста на тимот при пристигнувањето во Австралија, каде што овој викенд во Мелбурн на програмата е третата трка од 2023.
Во Бахреин, Верстапен го победи колегата Серхио Перез, додека во Саудиска Арабија откако беше 15. на стартот стигна до второто место и до најбрзиот круг, за да остане лидер во генерален пласман. Сепак, Мелбурн не е најдобра патека за Ред бул, со последна победа во 2011 година, а Ферстапен има само еден пласман на подиумот во 2019.
„Во Саудиска Арабија успеав да стигнам до второто место, што беше добро, и чувството во тимот е позитивно, но лично не сум среќен, бидејќи не сум тука да бидам втор. Не се работи само за брзината на болидот, туку и за постојаноста. Кога се бориш за титула и кога изгледа дека трката ќе биде меѓу два болиди, мораме да бидеме сигурни дека и двата болиди ќе бидат постојани“, објаснува Верстапен.