Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи денеска ќе потпишат Протокол за соработка.
На потпишувањето на Протоколот најавено е обраќање на амбасадорот Килиан Вал, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје, на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и на претседателот на Здружението на јавни обвинители, Елвин Вели.
Протоколот е иницијатива на Здружението на јавните обвинители, која се реализира со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.