Тренерот на Барселона, Чави ќе го продолжи договорот со клубот. Само прашање на време е кога ќе се случи тоа, објави инсајдерот Фабрицио Романо.
Каталонците веќе подготвиле понуда за 43-годишниот стручњак, но тој сепак е фокусиран на настап оваа сезона и освојување на титулата во Примера.
Актуелниот договор на Чави со Барселона е до 30 јуни 2024 година.
Чави ги води Каталонците од ноември 2021 година. Под него, клубот го освои шпанскиот Суперкуп во јануари 2023 година и е убедлив лидер во Ла Лига.