Пукање се случи во Северна Каролина во Техничкиот колеџ Форсајт и полицијата го истражува инцидентот, соопштија властите. Колеџот за пукањето се огласи на „Твитер“.
„Во тек е пукање. Полицијата е на терен. Кампусот е затворен. Сите студенти се безбедни, како и наставниците и вработените“, соопштија од колеџот.
Полицијата на Винстон-Салем објави на „Твитер“ дека добила пријава за пукање во главниот кампус на колеџот.
„Нашите полицајци се на лице место и помагаат. Информациите ќе бидат обезбедени веднаш штом ќе ги имаме“.
Двајца осомничени машки лица се во бегство и по нив се води потера, информираат од полицијата.