Деталите од животот на Урош Пашајлиќ (38), белграѓанецот кој беше уапсен под сомнение дека ја злоставувал невенчаната сопруга и ја држел заробена својата осумгодишна ќерка во стан на Звездара со години, продолжуваат да ја шокираат јавноста во Србија.
Од неговото барање детето да му биде доделено откако било одземено од мајката, потоа грозоморното запоставување, па сè до несреќните обиди на Пашајлиќ да изгради кариера како инфлуенсер преку своите социјални мрежи – постапките на овој човек предизвикуваат гнев и бес кај Србите, пишува „Нова.рс“.
Пашајлиќ моментално се наоѓа во притвор поради сомнение дека извршил кривични дела семејно насилство, злоупотреба и тортура и затоа што ја запоставил својата осумгодишна ќерка и решил да не изнесува одбрана пред обвинителот, но накратко изјавил дека употребувал наркотици и алкохол подолго време.
Грозоморните злодела на Пашајлиќ излегоа на виделина откако неговата невенчана партнерка отишла во полиција бидејќи Пашајлиќ ја нападнал, а патем им кажала на полициските службеници и дека мажот ја чува во заробеништво нејзината ќерка во станот на улицата Ружице Сокиќ во Ѕвездара.
Тогаш, едно по едно, почнаа да испливуваат страшните детали.
Најпрвин беше откриено дека девојчето живеело во ужасни, нехигиенски услови во станот на Пашајлиќ, дека татко и’ ја оставил без храна, сама. Никигаш не посетувала предучилишнам установа или основно училиште, не била на лекар ниту пак го нбапуштила овој стан. Затоа таа никогаш немала можност за нормален живот и „благодарение“ на низа пропусти на надлежните институции останала невидлива за системот.
Поради контрадикторните одговори на надлежниот Центар за социјална работа и Првиот основен суд во Белград, не е јасно како е можно детето, откога и било одземено старателството на биолошката мајка, да заврши кај нејзиниот татко, за кој претходно било утврдено дека е зависник и бил осомничен за насилство. Судот во одговорот на прашањата на редакцијата на „Нова.рс“ посочил дека во еден момент побарал детето да биде со него до завршување на судската постапка.
На прв поглед може да се заклучи дека Пашајлиќ навистина сакал да се грижи за својата ќерка, меѓутоа, деталите кои излегоа во јавноста не само што го покажуваат спротивното, туку ја откриваат целата монструозност од затворањето на девојчето.
Додека таа ги поминувала деновите затворена во тоалетот, нејзиниот татко продолжил да живее ергенски живот.
Неговите профили на Фејсбук, Инстаграм и Јутјуб се полни со детали од неговиот личен живот. Сепак, од ниту еден пост не може да се заклучи дека тој воопшто има ќерка. Очигледно се обидел да ја држи подалеку од очите на јавноста и во виртуелниот свет. На едно од тие видеа се гледа како лежи во кадата полна со вода каде полицајците го пронашле девојчето кога упаднале во станот.
Видеото ги покажува неговите стапала во када полна со вода која полека истекува.
Тој се испробал и во улогата на „гејмер инфлуенсер“, така што се објавувал додека игра игри, а споделувал и фотографии од одмори, автомобили од различни модели и вредности. На одредени објави ги охрабрува своите следбеници на интеракција, барајќи од нив да му напишат во коментар како се чувствуваат и слично.
Веднаш по упадот на полицијата во станот, на девојчето му била укажана лекарска помош на Универзитетската детска клиника во Тиршова.
„Девојчето е примено во УДЦ Тиршова на рехидратација и реалиментација која и е неопходна поради тешка и долготрајна неухранетост“, велат од таа институција.
Според информациите на „Нова.рс“, девојчето е во исклучително лоша состојба. Храната ја добива преку инфузија, а откако ќе го опорави метаболизмот, следните чекори се разговор со психолози и социјализација.