Турскиот парламент го одобри барањето на Финска за членство во НАТО

Турскиот парламент вечерва го ратификуваше барањето на Финска за влез во НАТО. Сите 276 присутни пратеници едногласно одлучија да ја одобрат кандидатурата на Финска, само неколку дена откако и унгарскиот парламент го поддржа барањето на Хелсинки.

Вознемирени од руската инвазија пред една година Финска и Шведска ја напуштија повеќедецениската политика на воена неутралност и поднесоа барање за прием во алијансата.

Според правилата на НАТО државата ќе стане полноправна членка откако сите 30 земји ќе ја ратификуваат нивната апликација.

 

Nakon što je Turska to učinila otklonjene su sve prepreke za ulazak zemlje u NATO.

Треба да знаете
Последни објави