Екипата на Партизан го совлада Реал Мадрид со 104-90 пред повеќе од 20.000 гледачи во „Београдска Арена“.
Она што е главна вест од овој кошаркарски натпревар се овациите од целата сала кон хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња кој настапува за Реал Мадрид. Очигледно навивачите и поддржувачите на Партизан не ја заборавиле неговата изјава од 2012 година, кога после светското младинско првенство изјави:
„Партизан? Тоа е мојата најдрага екипа, подрага ми е дури и од Цибона. Таа атмосфера, навивачите, тоа е луда куќа! Најпознати се на Балканот по својата работа во младинските категории. Тоа би било добар потег, зошто да не? Не ме интересира кој што ќе мисли или дали ќе ми замерат.“
Warm welcome for Mario Hezonja in Stark Arena pic.twitter.com/DoNb3leVcZ
— Čendler (@CendlerBing) March 31, 2023
Хрватот беше оздравен на почетокот на натпреварот на загревањето, а овации доби и на крајот од мечот кој го заврши со 17 поени и заедно со Џанан Муса и Габриел Дек беше најдобар играч во редовите на Реал.
По натпреварот, Хрватот ја пофали атмосферата на трибините. Во текот на летото дури се зборуваше дека може да ги засили црно-белите, но на крајот ништо не излезе од тоа.
Хезоња го заврши натпреварот со 17 поени и заедно со Џанан Муса и Габриел Дек беше најдобар играч во редовите на Реал.
На ваквиот пречек се заблагодари и Хезоња преку социјалните мрежи.
HVALA! 👏🏻 https://t.co/lOC7IskAGz
— Mario Hezonja (@mariohezonja) March 31, 2023