Поранешниот пратеник Ивон Величковски, во интервју со Васко Ефтов изјави дека “ние денеска не можеме да разбереме дека со преговорите меѓу Србија и Косово во Охрид ни беше дадена можност да си ја вратиме улогата на регионална суштественост, која еднаш ја изгубивме во 1999 година некористејќи го Кумановскиот договор, а еднаш ја пропуштивме после 2022 година, кога не разбравме дека Рамковниот договор не е само корисен за Македонија, туку и за целиот регион.”
“Замислете, вакво прашање како што е внесувањето на Бугарите во Уставот да е пред Вучиќ и Курти, за колку време би го решиле – за две минути” – констатираат Величковски и Ефтов.