Ирачкото Министерство за здравство извести дека 515 лица побарале лекарска помош поради тешкотии со дишењето по денешната песочна бура.
Портпаролот на министерството, Саиф ал Бадр, изјави дека сите пациенти ја напуштиле болницата откако им била укажана помош, објави „НРТ њуз“, медиум од регионот Курдистан во северен Ирак.
Портпаролот на здравствената служба на градот Киркук за „НРТ“ изјави дека 27 лица во тој град побарале медицинска помош поради невремето.
Песочните бури се почести во последно време во Ирак отколку порано, а Светската банка ја прогласи таа земја за една од најподложните на опустинување и климатски промени.