Лидерот во италијанската фудбалска Серија А, Наполи кој има убедлива предност пред конкурентите и е пред промоција во нов шампион вечерва доби неочекувана „шлаканица“ од сеуште актуелниот првак Милан. Во Неапол, Милан го совлада Наполи со 0:4. Ова беше прва од трите пресметки на овие два тима кои им следуваат месецов, бидејќи им престои и двомеч во четвртфиналето од ЛШ (12 и 18 април).
Милан брзо поведе со 0:2 во 17. до 25 минута. Прво погоди Рафаел Леао, а по него погоди и Брахим Диаз.
Леао повторно беше стрелец во 67. минута кога ја најави убедливата победа. Конечниот резултат го постави нововлезениот Салесмакерс.
Спалети се обиде со тројна измена во која влезе и да промени нешто, но ситуацијата на теренот не се промени. Шанса на теренот доби и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 68. минута, но не успеа да им помогне на своите соиграчи да избегнат дебакл.
Милан со овие три бода се искачи на третото место со 51 бод, поен повеќе од Интер и Рома.