Актуелниот француски фудбалски првак и лидер во тековната сезона Пари Сен Жермен е во резултатска криза. Вечерва во 29. коло од Лига 1, ПСЖ како домаќин е поразен и од Олимпик Лион (0:1).
„Светците“ загубија од Рен (2-0) пред две недели на „Паркот на принцовите“. Фаворитот ПСЖ и вечерва имаше проблем како да стигне до голот на противникот. Лион знаеше да ги искористи сите слабости, па така во првиот дел гостинот се избори за пенал кој не го искористи искусниот Лаказет.
Без погодоци се замина на пауза, а во продолжението „светците“ ги шокираше Баркола со погодок во 56 минмута.
За ПСЖ ова беше петтиот сезонски пораз, но и покрај тоа останува на првото место со шест бода повеќе од Марсеј и Ленс.