СДСМ: За хаосот во Скопје одговорноста е кај Мицкоски кој ја поддржа Арсовска


Скопје година и пол е во хаос, нефункционален град, кој стагнира, наместо да се развива.

Во Скопје нема реализација на ниту еден важен проект, нема ни довршување на наследените и веќе започнати проекти, нема нов еколошки превоз, нема нови автобуси, градскиот превоз е нефункционален, јавните претпријатија се во хаос.

Наместо да работат на решавање на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се занимаваат со идејата за враќање на споменикот на Ќосето, кој во времето на режимот противправно беше поставен во центарот на градот.

Одговорноста за хаосот во Скопје е кај Христијан Мицкоски, кој ја поддржа Данела Арсовска, за градоначалничка на Скопје.

Мицкоски ги повикиуваше граѓаните да гласаат за Арсовска, заедно ја славеа победата, па се скараа за рацете во медот, за тендери, провизии и бизнис влијанија.

Со Мицкоски и Арсовска, скопјани, наместо проекти и развој, добија неработење, партизација на Градот, нефункционални градски претпријатија.

Локалната власт на Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ е најголемото разочарување за скопјани.

Треба да знаете
Последни објави