Станковиќ: Горд сум што сум „Циган“, Мурињо не мора да ме брани

Во 28. коло од Серија А, Дејан Станковиќ, како тренер на Сампдорија доживеа пораз со 3:0 од Рома, предводена од неговиот поранешен тренер Жозе Мурињо.

Натпреварот го одбележа расистичките скандирања на домашните навивачи кон Станковиќ и барањето на Мурињо до ултрасите на неговиот клуб да го прекинат со навредите.

Станковиќ беше еден од клучените играчи на Мурињо во Интер, кој во 2010 година ја освои тројната круна. Сепак, Станковиќ дојде во Интер како легенда на Лацио, најголемиот ривал на Рома и затоа не е омилен меѓу навивачите на Рома.

Откако му приговори на судијата, навивачите на Рома му викаа дека е „Циган“.

По натпреварот, новинарите од Станковиќ побараа коментар за она што се случи во текот на натпреварот.

„Благодарен сум на Жозе, но јас не го забележав тоа. Што се однесува до скандирањето, горд сум на тоа што сум. Горд сум што сум „Циган“.

Треба да знаете
Последни објави