По повод Светскиот ден на бездомните животни ученици од училишта во Кисела Вода го посетија ЈП Лајка

Денеска во ЈП Лајка не посетија учениците од трето одделение од основните училишта Невена Георгиевска Дуња и Кузман Јосифовски Питу и Средно економско правно училиште на град Скопје „Васил Антевски -Дрен“  од скопската општина Кисела Вода и заедно го одбележавме Светскиот ден на бездомните животни.

Нашата цел беше да ги запознаеме најмладите со работата на ЈП Лајка, разговаравме за тоа како токму кучето е најверниот човеков пријател, како заедно сите да се бориме да има што помалку бездомни кучиња, како сите можеме да допринесеме за иднина со 0 бездомни животни.
Научија како да се биде одговорен сопственик, кои се придобивките од кастрација и стерилизација и зашто е поблагородно да се вдоми куче, а не да се купи.

Со овој настан од едукативен карактер, а преку дружба со кучињата од нашето прифатилиште ЈП Лајка цели да придонесе во создавањето на одговорни и хумани граѓани, одговорно и хумано општество за сите и да ја подигне свеста за вдомување наспроти купување на домашен миленик.

Учениците исто така имаа можност да се запознаат со работните процеси на Јавното Претпријатие Лајка и средношколците поттикнавме желба за волонтирање во нашето претпријатие.

Во наредните денови активноста ќе продолжи и со ученици од Општина Центар и останатите скопски општини.

Сакаме да се заблагодариме на наставниците и дечињата од училиштата кои изразија интерест и желба да бидат дел од нашата хумана мисија.
И особена благодарност до ЈСП кои со задоволство ни излегоа во пресрет и го поддржаа нашиот настан со превезување на учениците.

Треба да знаете
Последни објави