Хеликоптер се урна минатата ноќ во реката Хадсон, недалеку од прометниот хелиодром на Менхетен во Њујорк, по што пилотот без сериозни повреди од делумно потонатиот авион успеа да стигне на копното.
Од пожарникарската служба на Њујорк изјавија дека единствено пилотот бил во хеликоптерот што се урна во вода во близина на 30. улица.
На видеото од мобилен телефон објавено од телевизијата WCBS се гледа хеликоптерот кој паѓа во реката, при што го промашува хелиодромот за помалку од еден метар, објави АП.
Претставник на хелиодромот рече дека пилотот извршил присилно слетување и дека покрај него, немало други патници во авионот.