Товарен брод кој бил на пат кон Украина потона во близина на турскиот брег.
Спасувачките екипи пронајдоа пет членови на екипажот близина на Кумлуча, во провинцијата Анталија и се обидуваат да лоцираат уште девет, пишува „Скај њуз“.
Причината за потонувањето на бродот се’ уште не е позната. Повикот за помош е упатен во 3:47 часот.
Командата на турската крајбрежна стража испрати неколку чамци и два хеликоптери. Бродот тргнал од турското пристаниште Искендерун.