Во Индија се уапсени петмина поради принесување човечка жртва во храм

Индиската полиција уапси петмина мажи осомничени за ритуално жртвување луѓе, речиси четири години откако во хинду храм беше откриено обезглавено тело на жена.

Шанти Шо (64) беше убиена и обезглавена со мачета во 2019 година, при посета на храм во Гувахати, град на крајниот североисток на Индија, пишува Гардијан.

Немаше напредок во истрагата додека нејзиното тело не беше идентификувано во јануари, што доведе до обновување на истрагата во која се уапсени неколку осомничени, а други се уште се на слобода.

Претставник на полицијата соопшти дека петмината осомничени планирале да ја убијат жената, а во убиството учествувале вкупно 12 лица.

Според полицијата, Прадип Патак (52) го организирал убиството како дел од верски ритуал по повод годишнината од смртта на неговиот брат.

Како што се наведува, тој верувал дека со принесување жртва ќе се смири душата на покојникот.

Петмината осомничени се приведени во периодот од 25 март до 1 април, а полицијата се уште трага по нивните седум соучесници. 

Треба да знаете
Последни објави