(Видео) Пожар во зградата на руското Министерство за одбрана во Москва

Пожар избувна во зградата на руското Министерство за одбрана во центарот на Москва, јави руската државна агенција Тасс, повикувајќи се на итните служби.

„Пожар избувна на улица „Знаменка“ бр. 19, во една од зградите на комплексот Министерството за одбрана. Низ прозорецот на третиот кат се гледа чад“, изјавија за ТАСС од службата за итни случаи.

Снимките споделени од државните медиуми на социјалните мрежи покажуваат облак од црн чад што се издига од седиштето на Министерството за одбрана во близина на Кремљ.

Нема детали за жртви или причината за пожарот.

Треба да знаете
Последни објави