Руската атлетичарка, Наталија Антјух ќе остане без олимпиското злато на 400 метри со пречки од Лондон 2012 поради прекршување на анти-допинг правилата, објаави Одделот за интегритет во атлетиката (АИУ). На 41-годишната Антјух и се бришат резултатите од 18 јули 2012 до 29 јуни 2013, и ова е нејзин втор допинг-прекршок, откако го загуби златото на 4х400 метри од СП во Москва во 2013 година.
Антјух беше прва на 400 метри со пречки во Лондон со 52.70 секунди, за да ги победи Американката Лашинда Демус, Чехинката Зузана Хејнова и Јамајчанката Калиси Спенсер. Антјух исто така беше дел од штафетата која освои сребро на 4х400 метри во Лондон, но овој тим беше дисквалификуван поради допинг-прекршокот на нејзината колешк, Антонина Кривошапка. Антјух е пензионирна од февруари 2017 година.