Никој не беше оставен сам да се справува со кризата, посочи Ковачевски, кој го пофали ЕСМ

Премиерот Димитар Ковачевски, презентирајќи ја работата на ЕСМ во изминатата година, посочи дека енергетската криза била претворена во можност со политиките на Владата. Тој посочи дека никој не бил оставен сам да се справува со кризата.

„Имаше шпекулации дека нема да имаме домашно производство на домашна енергија, дека ќе имаме рестрикции, дека ТЕЦ ‘Неготино“ нема да проработи, дека ќе имаме ценовен шок, дека Град Скопје ќе остане без топлинска енергија, и низа други шпекулации и лаги, кои, за среќа, на граѓаните се покажаа неточни. Нашите граѓани имаа сигурно и стабилно парно греење во текот на целата грејна сезона. Кризата ја претворивме во можност“, изјави премиерот Ковачевски.

Тој му се заблагодари на раководството на ЕСМ.

„Никој не беше оставен сам да се справува со кризата. Има струја, има парно. Цената на електричната енергија за домаќинствата не се зголеми. За малите потрошувачи, цената се намали 20 отсто спротивно на сите прогнози што доаѓаа од целиот свет. Верувам дека граѓаните знаат да го ценат она што беше направено во најтешката зима, која е зад нас“, додаде Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави