Бектеши ги повика увозниците на зеленчук да не бегаат од средби

За вечерва во Владата е закажан состанок со претставници на бизнисот, УЈП, Финансовата полиција, ДПИ и Царината, за да се елиминираат аномалиите кои се појавија по владината одлука за замрнување на цените на овојшето и зеленчукот

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика увозниците на зеленчук и овошје да не се кријат и да дојдат на состанок во Владата, за да ги соочат аргументите за огромните разлики во увозните и малопродажните цени. Тој се закани дека лично ќе ги објави „забележаните аномалии во спроведувањето на владината одлука и ги загатна шемите со двојните фактури на увозните производи“. И премиерот Димитар Ковачевски ја најави средбата на која ќе присуствуваат претставници од УЈП, Финансова полиција, Царинската управа и ДПИ.

-Очигледно е дека има проблеми во спроведувањето на одлуката за замрзнатите цени на зеленчукот и овошјето. Прво да им се заблагодарам на големите трговски синџири кои ја испочитуваа и ја спроведоа одлуката, но сакам да посочам дека на пазарите ќе има соодветни контроли за да се види што е изложено на тезгите и по која цена се продава. И јас ги слушнав информациите дека одредени производи како грав и леќа се повлечени и не се продаваат. Се што е влезено во Македонија мора да се појави на пазарот – се закани Бектеши по реакцијата на медиумите дека е очигледно дека на пазарите не се почитуваат владините одлуки, а доматите се продаваат по цена од 150 денари за килограм.

Треба да знаете
Последни објави