Економско – социјалниот совет денеска ја одржа осмата седница на која беше номиниран член од ЕСС во Советот на Статистика при Собранието и се дискутираше за Предлог општиот колективен договор. Седницата ја отвори министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска како претседавач на ЕСС.
За член во Советот на Статистика од Економско социјалниот совет беше номинирана Владанка Трајковска, претседателката на Организација на работодавачи.
Во однос на работата на новиот предлог општ колективен договор, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи изрази задоволство од сработеното на работната група и посочи дека преку отворена дискусија може да се дојде до одржливо решение.
Од претставници на Министерството за труд и социјална политика, кои се членови на работната група, информираа дека членовите на работната група го помина целиот колективен договор и во најголем дел сите страни се усогласени, со исклучок на мал дел од одредби во делот на плати.
Во делот за плати беше изнесена нова предлог методологија која се базира на тоа дека основната бруто плата ќе биде резултат на минимална бруто плата плус број на бодови за работно место помножено со вредноста на бодот.
Во текот на дискусијата од страна на синдикатите беше посочено дека методологија на плати со бодови да биде замената со систем на плати врз основа на коефициент на сложеност, како поедноставна методологија.
На седницата беше договорено синдикатите да достават предлог по писмен пат за нивна предлог методологија за пресметка на платите до Економско социјалниот совет, како и дека дијалогот ќе продолжи по велигденските празници.