Владата наменски додели 3 милиони евра, од вкупна вредност од 6 милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е oпшто познат „Качанички пат” во Визбегово, до скопската обиколница, напиша денеска на својот фејсбук профил првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби.
Тој информира дека во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги почнале последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот