Кинескиот претседател, Си Џинпинг, во разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ги отфрли како „нереални соништа“ сите очекувања дека неговата земја ќе се согласи на компромиси и отстапки во однос на Тајван, објави главната кинеска телевизија.
„Секој што размислува така си пука во нога“, рече тој.
Си потврди дека тајванското прашање е во центарот на клучните интереси на Кина.
Потсети дека тензиите, кога станува збор за Тајван, во односите меѓу Вашингтон и Пекинг станале поизразени по посетата на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, на почетокот на август 2022 година.
Набргу потоа, кинеската војска почна воздушни и поморски воени вежби во близина на Тајван и пробно лансирање на конвенционални ракети во морето источно од тој остров.