Заврши протестот организиран од „Демократи“ против одлуката на Уставниот суд за зголемувањето на платите на функционерите

Група граѓани, членови на политичката партија „Демократи“ попладнево одржа мирен протест во знак на револт против одлуката на Уставниот суд за зголемувањето на платите на функционерите.

„Нема пари за лекови, има пари за 78 отсто“, „Итно отповикување на срамната одлука на Уставниот суд“, „Судии! Независно судство е и Ваша лична слобода“,  „78 отсто грабеж на народниот буџет“, „Астрономски плати за функционерите, а народот гладува“, беа транспарентите на собраните граѓани.

„Демократи“ порачаа дека изминатите 30 години ништо не е сменето и се дозволи младите да заминат од државата. Побараа воведување една изборна единица со отворени листи, еднакво финансирање од Буџетот на сите политички субјекти кои учествуваат на изборите, како и нивна еднаква застапеност во медиумите.

-Срам да ви е што досега немате ништо направено за државата и граѓаните, не делите и парчосувате по националност и вера. Зошто нема пари за никого, за економија, за инвестиции во фирми, фабрики и производствени погони, во образование, наука и иновации, во умови и млади луѓе? Затоа што функционерите се лакоми, мислат што повеќе да земат од народот и државниот буџет, да имаат тие и нивните фамилии раскошен живот. Нема семејство во земјава без член кој заминал и работи во странство. Без млади Македонија не може да опстане. Борбата се води на избори, а може да се победи со пенкало. Треба да се изберат квалитетни и чесни луѓе, со работно животно искуство, рече претседателот на партијата, Јорго Огненовски. 

Протестот беше најавен преку социјалните мрежи пред Уставниот суд, а се одржа пред Археолошкиот музеј.

Треба да знаете
Последни објави