Маж со автомобил налетал на пешаци во Тел Авив, убивајќи еден и ранил седум други, а осомничениот терорист е „неутрализиран“, јавува i24 news TV.
По нападот терористот излегол од возилото и се обидел да пука во полицајците, но му се заглавило оружјето, па полицијата успеала да го совлада и „неутрализира“. Полицијата констатирала и дека автомобилот се превртел.
Наводно, осомничениот е израелски државјанин од Кафр Касим, 45-годишниот Јусеф Абу Џабер, кој работи во Тел Авив.
Потврдена е смртта на 30-годишен маж, за кој се претпоставува дека е италијански државјанин, а покрај него, во болница се пренесени уште три лица кои биле удрени од возилото.
Наводно, уште четири повредени лица се вратиле во нивниот хотел.
МДА соопшти дека сите жртви се туристи, а лицето кое е убиено во нападот е идентификувано како Алесандро Фарини, 35-годишен турист од Италија, додека британски и италијански државјани се повредени.
Премиерот Бенјамин Нетанјаху и нареди на израелската полиција да го мобилизира целиот свој персонал, вклучително и граничната полиција, како и дополнителни безбедносни сили. Тој ги повикува граѓаните да ги почитуваат упатствата на безбедносните сили во овој период на ескалација на насилството.
Се наведува дека осомничениот терорист е Палестинец од Западниот Брег кој го украл автомобилот користен во нападот.