Машко тело е пронајдено на брегот на Дунав во близина на Рафинеријата Панчево во Србија.
Според српските медиуми, најверојатнио се работи за еден од тројцата пријатели кои исчезна неодамна кога нивниот чамец се превртел на Дунав кај Панчевачки мост. Според првите и неофицијални информации базирани на облеката, се претпоставува дека се работи за Ненад Тривковиќ.
За потсетување, четворица пријатели настрадаа на 18 март вечерта кога им се превртел чамецот во реката Дунав. Единствениот кој успеал да се спаси е Мане К., кој ја препливал реката. Тој потоа успеал да стигне до првата куќа каде побара помош. Оттогаш, пријателите и семејството континуирано трагаат по другите тројца пријатели што биле на чамецот и што сега се водат за исчезнати -Милан Николиќ, Милош Марковиќ и Ненад Тривковиќ.