Вучиќ најави дека нема да го спроведе договорот во целост од Приштина бараат санкции

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема целосно да го спроведе неодамна постигнатиот договор со Косово на состанокот во Охрид изминатиот месец. Вучиќ при гостувањето на РТС изминатава недела соопшти дека некои точки од договорот Србија нема да ги спроведе и тоа им го кажал на европските лидери и посредниците во преговорите.

Неговата изјава ја цитираше Блерим Вела, шеф на кабинетот на кабинетот на косовската претседателка Вјоса Османи, велејќи дека Западот сега треба да воведе санкции кон Србија.

„Мора да следат санкции!“, напиша Вела на Твитер.

Треба да знаете
Последни објави