„Денеска со нас тука се Мартин, Фросина, Вурата, Зојче и Нино, а другиот дел од тимот кој што работеше на апликацијата знам дека се во канцеларија и се грижи дека се ќе помине денеска во најдобар ред. Навистина сум горд на тоа што го направивте за вашата држава. АДА е креација на Фросина и Вурата, кои работеа на целиот контент, или содржина и сите сценарија која АДА ги нуди, која патем во моментов може да одговори на повеќе од 260 прашања и секако продолжува да учи и понатаму”, објасни вицепремиерот Битиќи.
Инаку АДА кој е веќе пуштена во употреба, стои на располагање на компаниите на кои ќе им овозможи добивање целосни информации за условите за инвестирање во нашата земја и за државната помош која се нуди за инвестициите. Преку дигиталниот асистент, граѓаните и заинтересираните странски инвеститори ќе можат да се запознаат со достапните програми и отворени повици на институциите кои се јавуваат како даватели на државна помош, и гарантира голема транспарентност, ефикасно и ефективно добивање на податоци за бизнисот во реално време 24/7 на три јазици, македонски, албански и на англиски на интернет адресата: ada.gov.mk.