Мицкоски: Организиравме Ифтарска вечер за нашите членови и пријатели, нека големите празници донесат спокој и обединување

Фејсбук статус на Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

„Во време кога припадниците од исламската вероисповед го слават месецот Рамазан, ми беше особена чест да организираме Ифтарска вечер за нашите членови и пријатели од исламска вероисповед.

Моја беше честа да разговараме за актуелните предизвици, тешкото време и иднината за која мораме заедно да се бориме. Македонија и проблемите во земјата се на сите луѓе, и нашата одговорност за создавањето на иднината е подеднаква и заедничка.

Нека големите празници донесат мир и спокој, обединување и радост каква сите луѓе заслужуваат.

Треба да знаете
Последни објави