Мурињо добил понуда да го тренира Роналдо и да заработи 100 милиони евра

Ал Наср, клубот кој стана познат по доведувањето на Кристијано Роналдо, се одлучи да го смени тренерот Руди Гарсија. Саудијците имаат голема желба да донесат големо тренерско име, а наводно изборот паднал на Жозе Мурињо, актуелниот тренер на Рома. Челниците на Ал Наср се подготвени да го направат најплатениот тренер на сите времиња со понуда од 100 милиони евра за две години.

Во моментов најплатен тренер е Диего Симеоне со 34 милиони евра годишно во Атлетико Мадрид, а Мурињо ако ја прифати понудата би го надминал со заработка од 50 милиони евра по погдина.

Саудијците се подготвени дури и да му го доделат местото селектор на Саудиска Арабија, само Мурињо да ја прифати понудата.

Ако Мурињо прифати, тогаш повторно ќе соработува со Кристијано Роналдо, откако беа заедно во Реал пред 10 години. Роналдо под водство на Португалецот постигна 60 гола во една сезона, а Реал стана првиот клуб кој стигна до бројката 100 бодови во шпанското првенство.

Треба да знаете
Последни објави