Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети приреди голема сензација на Мастерсот во Монте Карло, каде во осминафиналето го елиминира првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ (6-4,7-5, 6-4).
Српскиот ас беше голем фаворит, имаше и водство од 1-0 во сетови, но Италијанецот (21. рантгиран на АТП-листата) изненади со својата игра и по речиси три часа игра ја забележа најголемата победа во кариерата.
Музети уште од стартот на натпреварот му зададе многу проблеми на големиот шампион и по серијата брејкови на двете страни успеа да поведе со 1-0 во сетови. Ѓоковиќ мораше експресно да реагира и по голема борба во вториот сет израмни на 1-1. Потоа следуваше прекин поради дожд, а откако актерите се вратија на терен Италијанецот се снајде подобро и му приреди голем шок на Ѓоковиќ.
Мусети со оваа победа се пласира меѓу најдобрите осум во Монте Карло, а за пласман во полуфиналето ќе се бори против сонародникот Јанико Синер.