Српскиот претседател Александар Вучиќ смета дека прозападните и проукраинските сили се обидуваат да го уништат неговиот однос со рускиот претседател Владимир Путин, пренесува руската новинска агенција Тасс.
„И оние кои се проукраински и оние кои се прозападни се обидуваат да ми ги расипат односите со Путин. Тие не се заинтересирани да ја поддржат Украина, за која зборуваат секој ден“, изјави Александар Вучиќ за новинарите, пишува медиумот.
Истиот потсетува дека откако Русија ја започна инвазијата на Украина, Вучиќ и се обрати на нацијата по седницата на Советот за безбедност, велејќи дека Србија го поддржува територијалниот интегритет на Украина, но нема да воведува санкции кон Русија.
Србија ги смета Русија и Украина за сестрински нации, жали за развојот на настаните во Источна Европа и е подготвена да обезбеди хуманитарна помош за Киев, рече тој тогаш. Вучиќ во неколку наврати повтори дека одлуката на Белград да не воведе санкции кон Русија е правилна и дека е во интерес на Србија.