Првото полувреме од мечот меѓу Јувентус и Спортинг во рамките од четвртфиналето на фудбалската Лига Европа не донесе погодок, но затоа донесе еден несреќен и емотивен момент кој предизвика цел стадион да му даде поддршка на голманот Војчех Шчесни.
Чуварот на мрежата на Јувентус имаше добра партија до 42-та минута, но потоа застана и побара да биде заменет. Причина за овој негов потег била болка во градите и проблемите со дишењето, што предизвика мала паника кај него, но и кај сите негови соиграчи од Јувентус.
Шчесни не можеше да се носи со емоциите и се расплака додека го напушташе теренот, а навивачите на Јувентус му дадоа огромна поддршка додека му го отстапуваше местото на Перин.
Со поддршка веднаш се јави и Спортинг преку социјалните мрежи, како и цело фудбалско семејство кое се надева дека не се работи за некој посериозен проблем.