Винисиус навива Анчелоти да биде бразилски селектор

Фудбалерот на Реал, Винисиус Жуниор, изјави оти би сакал неговиот актуелен тренер во мадридскиот клуб, Италијанецот Карло Анчелоти, да биде нов селектор на Бразил, јавија шпанските медиуми.

Фудбалската федерација на Бразил веќе најавија можност да го ангажираат на селекторското место Анчелоти, кој има договор со Реал до 30 јуни 2024 година.

Бразил во моментов е без селектор, откако Тите беше разрешен од должноста во декември лани по елиминацијата од Хрватска во четвртфиналето на Светското првенство во Катар.

– Каде би сакал да ме тренира Анчелоти – Реал или репрезентацијата на Бразил? Се надевам и на едно и на друго место, изјави Винисиус.

Треба да знаете
Последни објави